Заев: Денешниот празник нека даде поттик во определбата да се биде вистинољубив, правичен и храбар

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, упати честитика до поглаварот на МПЦ – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан, до Синодот и до сите граѓани кои го празнуваат денешниот голем христијански празник Велики поклади – Прочка.

„На вас и на сите граѓани кои го чествуваат денешниот голем ден Прочка, во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз, пожелувам празничен ден во духовен мир и семејна хармонија.

Денешниот голем христијански празник Прочка, ден на меѓусебното простување, нека `не обедини во желбата за заеднички спокоен живот, на сите нека даде поттик во определбата да се биде вистинољубив, правичен и храбар во одбрана на овие универзални човекови вредности, бидејки тоа е патот до здрава општествена заедница во којашто ќе живеат достоинствени граѓани кои ќе се почитуваат, надградуваат, мотивираат и разбираат меѓу себе“.

Би можело да ве интересира

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

Орце Костов

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

Орце Костов

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска