А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Заев: Декларацијата за слободно движење на Западен Балкан е во духот на европската економска агенда и Берлинскиот процес

by А1он12/10/2019 - 14:06261
Share0

Декларацијата за слободно движење на луѓе, стоки, услуги и капитал на Западен Балкан, што ја потпишавме со Србија и Албанија, јавно ја објавивме, е во духот на европската економска агенда и Берлинскиот процес комплетно и само даваме еден нов импулс, изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање по неговата работна средба со стопанственици во индустриска зона „Новини“ во кумановското село Речица.

Добивај вести на вибер

Немаме намера, посочи, да правиме паралелелен процес од ЕУ и нашето место, на сите шест земји од Западен Балкан е безалтернативно во ЕУ и нема дилеми.

– Но, ако ги забрзаме процесите ако меѓусебно ја интензивираме соработката, ако трговијата почне со поголеми проценти од 10 проценти да расте, а расте сега со нешто повеќе од 10 отсто, може да расте со 20 отсто, со 30 отсто, ќе не почитува и Западот повеќе. Ако ги искористиме тие капацитети ќе ја направиме нашата економија уште поконкурентна да се бори со западноевропските економии. Ако го здружиме целиот регион, кога инвеститорот ќе инвестира во Куманово и вели ми требаат 25 инженери, а имам 15, ќе може слободно од целиот регион да бара инженери и квалификувана работна сила. Сето тоа ќе значи дополнителни странски и домашни инвестиции за целиот Западен Балкан и тоа се сериозни причини, истакна Заев.

Потенцира дека бараат поддршка од стопанските комори, без кои не можат, заради тоа што го прават пред се за стопанството, истовремено еднакво и за граѓаните за полесен проток севкупно.

– Како што гледате насловот е четирите европски слободи, за ЕУ слободите зборуваме, а тоа се слободата на движење на капиталот, луѓето, стоките, и услугите. Тоа се тие четири вредности. Тоа ако го овозможиме веруваме дека многу полесно ќе се доближуваме до европските стандарди, додаде Заев.

balkanmakedonija

Би можело да ве интересира

Намалена видливост поради магла на патниот правец Лисец – Попова Шапка, во Крушево и на планинскиот превој Плетвар

Предраг Петровиќ01/04/2026 - 18:17

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ01/04/2026 - 15:2001/04/2026 - 15:26

МВР го расчисти денешното убиство во Охрид, уапсен 53 годишен жител на Брвеница

Предраг Петровиќ27/03/2026 - 20:33

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Предраг Петровиќ27/03/2026 - 16:29

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ27/03/2026 - 15:5027/03/2026 - 20:03

Данците не се баук: Македонија има 0-0 на полувреме во Копенхаген

Горан Наумовски26/03/2026 - 21:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто