Заев-Ципрас: Договорот од Преспа решава многу повеќе од само спорот со името

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, вечерва, во завршницата на својата дводневна работна посета на Атина, се сретна со лидерот на опозицијата и претседател на Сириза, Алексис Ципрас, информираат од кабинетот на македонскиот премиер.

На средбата, која се одржа во Парламентот на Република Грција, а на која присуствуваа и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и заменик-претседателот задолжен за европски прашања Никола Димитров, стана збор за имплементацијата на Договорот од Преспа кој во 2018 година, кога беше потпишан, направи пресврт во односите меѓу двете земји и ги откочи евроатланските процеси на Република Северна Македонија која оваа година стана членка на НАТО и ги очекува стартот на преговорите со Европската Унија, веднаш по меѓувладината конференција која треба да се одржи додека со Советот на ЕУ претседава СР Германија.

Во таа насока, на средбата беше истакнато дека Република Грција и во европските интеграции на нашата земја останува силен партнер, поддржувач и лобист за успешна завршница на овој процес.

Договорот од Преспа, беше речено на средбата, не е само решение за спорот за името меѓу двете земји, туку и договор за долгорочно стратешко партнерство и за развој на широк план на односите меѓу двете земји.

Особено значајно е што во претстојниот период се очекуваат значајни политички одлуки за олеснување на иницијативите на бизнис заедниците меѓу двете земји како што се договорите за избегнување на двојното оданочување и за заштита на инвестициите.

На средбата двајцата соговорници се согласија дека по две години од потпишувањето на Договорот од Преспа, конструктивните опоненти на договорот во двете земји прифатија дека станува збор за историски договор од огромно значење за иднината на народите на двете земји.

Би можело да ве интересира

Ковачевски за средбата со Заев и Ахмети: Зборувавме за настапот на партиите на изборите и за членството во ЕУ

Александар Тодески

Ковачевски за писмото на Заев: Во демократија секој има право на став

Блиски луѓе на Заев ќе работат за фирма на белоруски конзул во Македонија: Кој ќе копа јаловина во РЕК Битола за 25 милиони евра

Орце Костов

Ципрас во Струмица на гости кај Заев

Заев: Очекуваме грчката страна да го исполни делот од Преспанскиот договор кој се однесува на патоказите

Алексис Ципрас, единствениот грчки премиер што оствари официјална посета на Скопје

А1он