Заев: Честитки за Џо Бајден, иднината пред нас е светла

Од:

Премиерот Зоран Заев упати честитка до новиот претседател на САД Џо Бајден, и портпретседателката Калма Харис. Тој преку социјалните мрежи посочи дека и во иднина ќе се развиваат одличните односи кои Македонија ги има со Америка.

„Честитки за новоизбраниот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис! Сигурен сум дека ќе продолжиме да ги развиваме одличните односи кои ги имаме со САД и да го продлабочуваме нашето сојузништво во НАТО, но и на сите полиња. Иднината пред нас е светла!“, напиша Заев.

Џо Бајден е избран за 46. претседател на САД. Меинстрим медиумите го прогласија Бајден за избран претседател по прогласувањето на негова победа во Пенсилванија, која носи 20 електорски гласови. Со нив Бајден стигна до 273 електорски гласови, од потребните 270 за претседател.

Би можело да ве интересира

Захарова: САД ја покажуваат својата агресија поради долговите низ целиот свет

Иран: САД мора да изберат дали сакаат војна или мир

Иран ги предупреди САД: Не можете да прифатите примирје, а потоа вашиот сојузник да почне масакр

Нов Зеланд бара од САД танкери со гориво поради војната на Блискиот Исток

Русија: Неиспровоцираниот напад претрпе тежок пораз

Револуционерната гарда го држи „прстот на чкрапалото“