Заев со честитки до српската заедница во Република Македониjа по повод празникот Св. Сава

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, по повод празникот Св. Сава, испрати честитки до српската заедница и до припадниците на православната вероисповед што го празнуваат овој верски празник.

Премиерот Заев во писмото со честитки истакнува:

„Дозволете ми, од мое лично име и од името на Владата на Република Македонија, на сите припадници на српската заедница во Република Македонија да им го честитам големиот православен празник, посветен на Свети Сава, со желби за добро здравје, радост и благосостојба.

Славењето на овој голем празник, од посебно значење за српската заедница, истовремено е и придонес кон промовирањето на мултикултурализмот и меѓусебното разбирање во Република Македонија.

Со славењето и почитувањето на празниците на нашите сегашни и идни поколенија создаваме традиција на негување на меѓусебните односи и почитување на различните културни особености на сите заедници во нашето општество“ пишува во писмото со честитки по повод празникот на српската заедница во Република Македонија Св. Сава, Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Продолжува препукувањето, Груевски повторно: Познато е дека големите пари Заев не ги направи со чесно копање на нива

Предраг Петровиќ

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Дали Зоран Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер, прашува ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

Заев му одговори на Мицкоски: Очаен обид на неспособниот премиер да го пренасочи вниманието на јавноста од неговите неуспеси

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС