(ВИДЕО) Заев: Целта ми е да бидам идниот премиер на Македонија

Од:

Целта ми е да го поразам ВМРО-ДПМНЕ и да бидам идниот премиер на Македонија, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев, при посетата на Охрид и средбата со локалното раководство на партијата.

Заев кажа дека на средбата со премиерот Груевски, покрај многуте теми за кои разговарале, зборувале и за ситуацијата во Охрид, но не сакаше да прецизира детали.

Заев од Охрид обвини дека членови на СДСМ, вработени во општинската јавна администрација, биле шиканирани, им се правел голем притисок, им се правеле непринципиелни влијанија и предлози, кои што ќе создале, според Заев, трајно штетни последици, за добриот градски живот во Охрид.

Заев од Охрид најави дека после неговото доаѓање на чело на партијата, ќе има промени во најголем дел од општинските организации на СДСМ во земјава и дека ќе има структурни промени во самата партија.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он