Заев – Бушати: Охрабрувачка е поддршката на лидерите од регионот за заокружување на евроатлантскиот процес

Од:

Во пресрет на утрешната, официјална посета на Република Македонија, премиерот Зоран Заев денеска го прими министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Дитмир Бушати.

На средбата, на која присуствуваше и министерот за надорешни работи Никола Димитров, се разговараше за билатералните односи меѓу двете земји, како и за перспективите на натамошната соработка во области од заеднички интерес, вклучително економијата, трговската размена и интерконективноста, соопшти владината прес-служба.

Премиерот Заев го информирал министерот Бушати и за актуелните активности поврзани со спроведувањето на референдумот за договорот од Преспа, како важен чекор за нашата земја и за нашите евро-атлантски интеграции.

Тој, како што се наведува во соопштението, ја истакна поддршката што за нашата земја во таа насока доаѓа од актуелната Влада на Албанија, и посебно од премиерот Еди Рама.

– За нас нема алтернатива кога станува збор за исполнување на нашите стратешки цели, членството во ЕУ и НАТО, и за граѓаните на Република Македонија учеството и гласот на референдумот е глас за иднината на нашата земја, рече Заев на средбата Бушати. Заев додаде дека охрабува и непосредната поддршка на европските лидери, како и на лидерите на НАТО и ЕУ, кои во овој период ја посетуваат Република Македонија, исто како политичките лидери од регионот.

Двајцата соговорници размениле и мислења околу состојбите во регионот и перспективите за негово интегрирање во европските и евро-атлантските структури.

Би можело да ве интересира

Стоп за ризична пратка: АХВ не дозволи влез на јагнешка кожа од Албанија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест во Албанија: Фрлени молотови коктели врз владата

Албанија го прогласи Иран за спонзор на тероризмот