(ВИДЕО) Заев: Барањето за амнестија е неприфатливо, националното помирување ќе биде во Собранието

Од:

Премиерот Зоран Заев по средбата со осумте пратеници кои гласаа за уставните измени, рече дека се разговарало за три од четири точки кои биле барање од нив. Заменикот на телото за национално помирување ќе биде пратеник од новата пратеничка група. Заев вели дека барањето за амнестија не е прифатливо и дека националното помирување се прави во Собранието составено од пратениците.

Пред амандманите да бидат пратени во Собранието, ќе има нова средба со пратениците од новата пратеничка група составена од 8 пратеници.

„Заедно со министерката Рената Десковска направивме консултација со новата пратеничка група. Констатирам дека изнајдовме конкретни насоки во делот на гаранцијата дека процесот ќе биде завршен од страна на Грција. Македонскиот идентитет ќе биде зацврстен“ рече Заев.

Тој даде се разговарало и за координативното тело за национално помирување, односно биле прецизирани сите детали. Со формирањето на телото ќе се утврди и методологијата.

„Ги разработивме сите детали. Заедно со правните тимови ќе ги вградиме трите барања“, рече Заев.

Не мораме, но ќе се консултираме со грчката Влада. Мене ми е драго што покрај парламентарното мнозинство и овој дел од опозицијата ќе биде свесно за тоа дека не е загрозен македонскиот идентитет, рече Заев, додавајќи дека останува на тоа да се зголеми бројката на пратеници кои ќе гласаат за уставни измени.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства пред собраниската Комисија за политички систем

Петрушевски: ЕК извештајот констатира дека судиите често избегнуваат одговорност преку правни лавиринти и застарување на предметите

Собранието ги донесе измените и дополнувањата на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам и Законот за експропријација

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа членовите на Советот на јавни обвинители да поднесат оставки

Собранието го донесе Законот за заем од 500 милиони евра од Унгарија

Пратениците ја почнаа расправата за заемот од Унгарија

Катерина Ѓуровски