Заев: Бадијала измислени анкети, овој народ е желен за живот и слобода!

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев се обрати пред бројните граѓани на Виница кои силно го поддржаа Планот за Живот на СДСМ и Коалицијата за живот.

„Груевски може да измислува анкети колку сака! Ништо не му помага, овој народ е желен за живот и слобода! На 11 декември овој одлучен народ ќе си ја врати државата!“ порача Заев од Виница.

Претседателот Заев ја побара поддршката од граѓаните за Планот за живот за младите да останат во Македонија. Тој рече дека по седум основи парите ќе се враќаат кон граѓаните, а трошоците ќе се намалуваaт. Како што рече, годишно од буџетот се крадат по 400 милиони евра, а 300 милиони евра се трошат непродуктивно.

„Македонија има потенцијал! Парите што ги крадеа ќе ги пуштиме кон вас. Ќе има и за просечна плата од 30.000 денари. Ќе се враќа 15% од ддв за плата плус во секое семејство!“ го заврши своето обраќање пред граѓаните на Виница претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДПМНЕ се мачи да го одвлече вниманието на граѓаните од најважното прашање – предавството на Македонија, мигранти за пари

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Кој ќе ја поддржи Резолуцијата, нека знае што следува

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ го изгласаа предавството на Македонија во Собранието

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ-мигранти за пари, проект за железница со пари од договорот со Британија

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски