Заев: Апелирам опозицијата да биде одговорна и да не го злоупотребува овој преоден период

Од:

Со изборот на преодната влада и со Оливер Спасовски на нејзино чело, извршната власт е во сигурни раце, особено кога станува збор за нејзината првенствена обврска да се организираат фер, демократски и ефикасни избори кои ќе обезбедат брза и легална институционална постапка за избор на нова влада. Оваа преодна Влада е во сигурни раце и кога е во прашање континуитетот на напредокот на земјата кој бележи силен нагорен тренд, напиша досегашниот премиер Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

Сега сите политички структури во Владата имаат обврска да обезбедат натамошно јакнење на институциите, а не опструирање внатре во институциите.

Апелирам опозицијата да биде одговорна и да не го злоупотребува овој преоден период.

Влегуваме во година во која со нова изборна победа СДСМ ќе продолжи да го прави најдоброто за секој наш граѓанин за да потврдиме дека големите успеси не беа случајни, туку дека се здрави насоки за избраниот, исправниот пат.

Северна Македонија и македонските граѓани, целата наша нација е достојна за евро-атлантското семејство на сојузници и пријатели. Граѓаните се знаменосци на прогресот и на демократските вредности и токму тие со одлуката на 12 април ќе бидат засилувач на нашата внатрешна и надворешна интеграција, напиша Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: Ако не се покачи минималната плата, Македонија ќе остане без своите работници

Зоран Заев поднесе тужби против Жан Митрев и Бране Петрушевски

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Спасовски: Со минимална плата од 600 евра ја штитиме егзистенцијата на граѓаните, прифатете го Законот

Заев: Пет години, речиси секој ден, ВМРО-ДПМНЕ не престануваат да се занимаваат со мене, ширејќи континуирани лаги и клевети

Горан Наумовски

Укинувањето на техничката влада да не е со инаетење, порача Гаши

Не сме скандинавска демократија, но не треба теничка влада за организирање избори, вели Гаши

Катерина Ѓуровски