Заев – Анагностопулу: Испишуваме позитивна историја

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска имаше средба со алтернативна министерка за надворешни работи на Република Грција Атанасиа Анагностопулу, на која било констатирано дека постигнатото решение на долгогодишниот спор е силна порака дека Балканот може да биде носител на мир, стабилност и солидарност, спротивно на досегашните перцепции за овој регион, и посебно во услови кога на Европа и се потребни позитивни примери на решавање билатерални прашања и стабилност.

На средбата, како што информираат од владината прес-служба, било оценето дека европските интеграции се важни како за нашата држава, така и за Грција и за регионот и за Европа, а заеднички била изразена и цврста определба за практична имплементација на Договорот од Преспа.

-Испишуваме позитивна историја. Имаме заедничка обврска да продолжиме да работиме и на бенефитите од Договорот од Преспа за граѓаните на двете држави, но и да покажеме на Европа и на светот дека освен што се можни решенија на тешките политички прашања, тие решенија носат и придобивки на секој план, рече премиерот Заев.

На состанокот, како се наведува во соопштението, било посочено дека денешното потпишување на договорот помеѓу министерствата за надворешни работи на двете држави во Скопје, за отворање нов граничен премин во месноста Маркова нога во преспанскиот регион, носи економски, туристички придобивки, мотивира соработка и дијалог помеѓу нашите граѓани, но е и јасен знак дека владите и на Република Северна Македонија и на Република Грција се определени на продлабочување и развивање на билатералната соработка, по постигнатиот историски Договор во Преспа, за којшто оддаваат почит и Европа и светот.

Заев и Анагностопулу, исто така, разговарале и за активностите коишто се во тек за отворање уште еден нов граничен премин помеѓу двете држави, во делот на соработката за гасно поврзување, инфраструктурното патно и железничко поврзување, за интересот на компании од Република Грција за инвестирање во Република Северна Македонија, за заедничкиот проект за заштита и реконструкција на Дојранското езеро, за унапредување на културната соработка.

На средбата, исто така, била изразена обострана благодарност за заложбите од двете страни за постигнатиот развој на односите помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција, што ќе се унапредува низ потврда на меѓусебната доверба, разбирање и поддршка денес и во иднина.

 

Би можело да ве интересира

Во Атина уапсен маж кој планираше со бомба да убие екс обвинител

А1он

Српски туристи казнети со 150 евра во Грција – двете деца врзани со појас, третото не

А1он

Метеж на граница кон Грција – за излез од Македонија се чека околу два часа

А1он

Во Грција запленети над 2 тона небезбедни млечни производи од Бугарија – превезувани без ладилник

А1он

Во сообраќајка загина 15 годишно девојче во Грција – камион за ѓубре удри во моторот на кој се возеше

А1он

Малолетник од Англија загина во Грција – падна од хотелски балкон

А1он