Заев: Ако граѓаните не донесат одлука натаму продолжуваат институциите

Од:

Премиерот Зоран Заев не сака да прејудицира како ќе гласа Собранието во случај да нема цензус за претстојниот референдум за договорот за името, но повтори дека е убеден во исполнување на цензусот, посочувајќи дека нема алтернатива за тоа во кој правец ќе се движи државата.

– Парламентот ќе носи самостојна одлука, рече Заев одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција во Владата за доделување финансиска државна помош на компаниите.

Ако граѓаните не донесат одлука, посочи премиерот, тогаш понатаму продолжуваат институциите. Од тој аспект не преједуцирам како ќе гласа Парламентот, може сите 120 пратеници да гласаат „за“ или „против“, сите да гласаат „за“ или да бидат поделени. Тоа е процес кој треба да го следиме, рече Заев, дополнувајќи дека е убеден оти ќе има цензус и дека огромното мнозинство ќе гласаат „за“, затоа што не може да се постигне подобар договор со Грција.

– Имаме одлична и неповторлива можност која треба да ја искористиме. Ние политичарите нашето го направивме и одлуките ги донесовме не знаејќи како ќе излеземе од овој процес. Како премиер имам мандат до декември 2020, овој мандат може да заврши на 30 септември, но јас сум тука да носам одлуки. Јас ја донесов одлуката и благодарен сум што Владата и парламентарното мнозинство ја поддржуваат оваа одлука. Сите наши одлуки се донесени за тоа што е заедничко очекување на граѓаните, рече Заев.

Тој порача дека на референдумот еднаква одговорност и право на глас за да се одлучи во кој правец ќе оди државата имаат и тој како премиер, и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и сите граѓани.

Според Заев, референдумот ќе биде врв на демократијата единствено ако се исполни граѓанската должност пред татоковината со излегување на гласање.

Во однос на информациите дека следниот месец во Македонија ќе дојде германската канцеларка Ангела Меркел, премиерот посочи дека упатил покани до европски и светски лидери за посета и поддршка на процесите во државата, но оти нема потврда и не може да каже кој ќе ја прифати поканата.

– Се надевам дека ќе најдат време во своите агенди да дојдат и да ги охрабрат граѓаните да излезат да гласаат, да ги кажат предностите, а секако граѓаните остануваат сами со себе зад параванот и носат одлука, наведе Заев.

Би можело да ве интересира

Мицкоски на средба со Дрекслер: Заложбите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се евроинтеграциите, економски развој и борбата против корупцијата

А1он

„Владата дава 100 евра по жител за растеретување на инфлацијата“: Се шири нов линк за измама на граѓаните

Орце Костов

Кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство: Со ЗНАМ во Влада ќе се обезбеди и двотретинско

Орце Костов

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

Орце Костов

Џафер и Арсовска се скараа кој е надлежен да се искоси тревата во дворот на Владата

Орце Костов

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов