(ВИДЕО) Заев: Аболицијата мора да биде целосно поништена

Од:

Не може да има селективно поништување на аболицијата, таа не може да се спроведува според тоа кој се одрекол од неа или според волјата на Ѓорге Иванов, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

– Аболицијата мора да биде целосно поништена. Законот мора да важи за сите подеднакво. Секој што го прекршил законот мора да одговара, нема спас за аболираниот Груевски, ниту за неговото друштво, рече Заев.

Тој потенцираше дека СДСМ денеска нема да присуствува на седницата на Собранието, но не кажа дали тоа значи дека опозицијата повторно излегува од Собранието. Според него, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ преглагаат закон спротивен на Пржинскиот договор со цел да ги спасат криминалците од своите редови.

– Рековме дека избори на 5 јуни нема да има и тоа се докажа. Бетонот на ВМРО-ДПМНЕ се распадна. За да го покријат срамот од поразите, вчера донесоа уште една еднострана одлука без согласност од опозицијта, враќањето на старата влада е одлука без согласност на опозицијата. Сите еднострани одлуки кои досега ги донесоа, сами ги погазија – рече Заев.

На новинарско прашање, тој одговори дека ако имал можност, тој би ја укинал и аболицијата од 2008 година.

– Тогаш немаше никаква можност, а сега има законска можност да побарам укинување на аболицијата, рече Заев.

Според него, секогаш постоела лепеза на можности за опозицијата, особено кога вистината е на нивна страна. Опозицијата, рече Заев, ги слуша граѓаните и нивните барања.

Според него, никој нема право да се дрзне да удри по СЈО, бидејќи тоа е од најголема важност во Пржинскиот договор. Ако некој се обиде да го направи тоа, тој вели дека гневот на граѓаните кои повеќе од еден месец протестираат ќе биде многу поголем.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он