Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Од:

Експремиерот Зоран Заев смета дека македонскиот народ и етничките заедници не ја поддржуваат иницијативата за раскинување на договорот со Бугарија. Одговарајќи на новинарско прашање од бугарските медиуми на денешното доделување на титулата почесен доктор на европратеникот Илхан Ќучук на Американскиот универзитет на Европа – ФОН, Заев рече дека граѓаните не само што не се за раскинување на договорот туку дека се радуваат на подадената рака. Дел од зборовите експремиерот, додека даваше изјава, ги кажуваше и на бугарски јазик.

„Тоа е одма препознато од сите во Република Македонија од сите граѓани и тоа, би рекол, преку 75 проценти се против ваквата инцијатива за референдум. 25 проценти има заради тоа што се челнови на ВМРО – ДПМНЕ, ја следат својата партија. Никаде во светот нема некој да биде против пријателство, против добрососедство, да биде против соработка. Нашиот македонски народ, сите етнички заедници во Република Северна Македонија, тоа нема да го поддржат затоа што ние се радуваме на подадената рака, на пријателството, на соработката. Еве уште еднаш како поранешен градител на тоа пријателство потписник на договорот за пријателство, соработка и добрососедство со Република Бугарија испраќам порака до политичарите и во Република Северна Македонија и во Бугарија да го негуваат добрососедството, пријателството и соработката. Навистина сме блиски, им должиме на децата, на младите уште поголема соработка од сегашната“, рече Заев.

Тој смета дека кај нас има волја за смена на Уставот и дека тоа треба „час поскоро“ да се случи оти смената на Уставот значи час поскоро отворање на поглавјата со Европската Унија.

„Се работи за впишување на наши граѓани со бугарска самосвест, со црногорска, со Хрватска и друга ако има. Мислам дека тоа прашање треба час побрзо да се реши. Ќе ја земам една Хрватска која е членка на Европската Унија, која има ист Устав како нашиот, со мултиетничко општество, има 24 етнички заедници во нивниот Устав“, рече Заев.

На прашањето дали се кае за потпишувањето на договорот со Бугарија, Заев рече дека е исклучително горд на двата договора што ги потпишал, на оној со Бугарија и на договорот со Грција, бидејќи благодарение на договорите сега Македонија е пријател со сите свои соседи.
Иако не е премиер, Заев вели дека стои на располагање за одржување на добрите односи со Бугарија.

„Стојам ана располагање секогаш како поранешен премиер во Република Северна Македонија да бидам од помош на добрите односи меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија, затоа што го сакам целиот бугарски народ како што си го сакам целиот наш македонски народ, а можам да бидам навистина од помош и во деловната соработка заради тоа што веќе се вратив во бизнисот и работам економија“, рече Заев.
Иницијативата за референдум со прашање „Дали сте за напуштање на важноста на Законот за ратификација за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија“, денес ВМРО – ДПМНЕ ја достави во Собраниетo.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ