„Заедно за европска Македонија“: ВМРО-ДПМНЕ да продолжи да размислува и да биде посветено на иднината на европска Македонија

Од:

Коалицијата „Заедно за европска Македонија“ го повикува раководството на ВМРО-ДПМНЕ да продолжи да разговара, да размислува и да биде посветено на иднината на европска Македонија. Има уште време до референдумот, има време да се охрабрат и да одлучат да останат на зборот и на нивната повеќедецениска позиција, членството на Македонија во НАТО и ЕУ, пишува во соопштението на коалицијата „Заедно за европска Македонија“.

„Граѓаните знаат дека најдоброто за секое семејство во Македонија и за нашата татковина е токму заедништвото и сплотеноста, како и одлучноста за членство во НАТО и во Европската Унија. Раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба да покаже одговорност и одлучност. Овој историски момент ги повикува членовите на ВМРО-ДПМНЕ да одлучат и да ја поддржат иднината на Македонија во европското семејство. Ние можеме да имаме политички разлики и да продолжиме со нашите секојдневни политички битки. Но, за иднината на Македонија сите треба да го дадат својот придонес. Не смее да има неодговорност кога е во прашање иднината на Македонија“ велат од коалицијата.

Тие повикуваат да се даде глас за европска Македонија во најсилните сојузи на светот и оти, како што пишува во соопштението, сите имаме одговорност да излезиме на гласање за да се обезбеди нашата иднина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски