Заедно сме определени за Европа, заклучија Османи и Селаковиќ

Од:

Северна Македонија и Србија бележат нагорен тренд во севкупните односи, како и заемна подготвеност тие да бидат збогатени со нови содржини, со цел подобрување на комуникацијата и соработката меѓу двете земји, а во интерес на градењето на добросоедските односи и регионалната соработка, констатирале денеска во Белград министерот за надворешни работи Бујар Османи и неговиот домаќин, шефот на српската дипломатија Никола Селаковиќ.

Двајцата министри изразиле задоволство од одржувањето на оваа прва посета на Белград, со што е потврдена решителноста за интензивирање на политичкиот дијалог меѓу двете држави.

-Една од главните точки на мојата посета е заедно со мојот колега да го вратиме интензитетот на политичкиот дијалог меѓу двете земји на нивото пред пандемијата КОВИД19. Го пренесов нашиот интерес, но и очекување, за скора реализација на Третата заедничка седница на двете Влади, како најдобар начин да се конкретизираат замислите и да се реализираат иницијативите кои ќе бидат во интерес на двете држави и граѓаните на двете земји, истакна Османи, посочувајќи на заеднички проекти во економијата, енергетиката и инфраструктурното поврзување итн., чија реализација е во насока директен интерес на граѓаните.

На средбата се разговарало и за очекувањата во однос на европските интеграции на двете земји, посебно за време на португалското претседавање со Советот на Европската унија.

–Европската перспектива е наша заедничка определба. Република Србија веќе долго време како преговарач со ЕУ, а Република Северна Македонија уште подолго како земја – кандидат. Не смееме да дозволиме да биде срушен кредибилитетот на процесот на проширување, кој поради честите застои, постојаните одложувања и очигледната непредвидливост е под сериозна закана. Европската перспектива претставува најсилната политичка алатка за трансформација на нашите општества и ако сакаме безбеден, стабилен и европски Балкан, мора да го зачуваме и кредибилитетот на европските перспективи, посочи Османи.

Министерот Селаковиќ се согласи дека односите на двете земји се добри, пријателски и дoбрoсeдeски и укажуваат на подготвеноста на двете држави за решавање на сите отворени прашања преку дијалог.

– Односите се темелат на пет принципи: спермност на двете држави отворените прашања да се решаваат преку дијалог, унапредување на пријателските односи на народите и граѓаните на двете земји, унапредување на економската и трговската соработка, меѓусебна поддршка на европскиот пат и јакнење на добрососедски односи кои придонесуваат на стабилноста не само на нашите две земји туку и на целиот регион, рече Селаковиќ.

Двајцата констатирале дека регионалната соработка и градењето на добросоедски односи е несомено определба нивна лична и на двете министерства. На средбата станало збор и за отворањето на граничниот премин Лојане – Миратовац, за „мини Шенген“ иницијативата и за унапредување на меѓусебната положба на малцинствата во двете земји.

Во однос на актуелните регионални предизвици, министерот Османи го пренесе принципиелниот став за поддршка на дијалогот Белград и Приштина, посочувајќи дека како блиски соседи, имаме директен интерес и гледаме со наклонетост на успехот на овој процес.

Османи во рамки на посетата на Белгард денеска имаше средба и со претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов