Заедничко на сите што беа на вчерашниот контрапротест е ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Генералниот штрајк на лекарите специјалисти го носат околу 1400 лекари од цела Македонија а кои секојдневно го извразуваат со получасовно излегување пред своите матични институции веќе 25 дена, а вчера беа заедно пред Владата на РМ. Во штрајкот има лекари од сите нациооналности, вери и партии во РМ, и тој факт покажува сам по себе на аполитичноста на штрајкот и исклучиво на професионалната мотивација на истиот“соопштуваат од Штрајкувачкиот одбор на самостојниот синдикат на клинички центри и други здравствени организации на РМ

Според синдикатот, на вчерашниот контрапротест, кој се случил по двонеделно лобирање и притисок на Министерството за здравство врз директорите и менаџерите на ЈЗУ, потоа притисок на директорите и менаџерите врз вработените и лекарите, особено младите лекари на специјализација, имаше само 90 луѓе чија што единствена заедничка карактеристика е политичката определба односно сите тие се активни членови на ВМРО-ДПМНЕ.

„Меѓу нив имаше околу 20 лекари, од кои 8-9 директори на клиники, а останатите десетина се специјалисти и специјализанти. Беа присутни и неколку од економските директори на ЈЗУ кои не се лекари. Имаше и дваесетина лица кои се вработени во други министерства на Владата, кои исто така не се лекари“.

„Најголемиот дел од присутните на овој собир околу 40 луѓе беа болничари, медицински сестри чувари и хигиеничари. Од нив, околу 15 работат на клиниките по договор на дело. Односно чекаат вработување. Како куриозитет е една медицинска сестра од Клиниката за нефрологија која дошла на овој собир, а е на боледување“.

-Овој контрапротест е вистински политички собир, имајќи ја во предвид исклучивата припадност на присутните на ВМРО-ДПМНЕ, а не е тешко да се претпостави мотивацијата или условеноста на присутните“.

Ја користиме оваа прилика јавно да го поздравиме и да им честитаме на оние 95% од директорите на ЈЗУ во РМ како и на младите лекари на специјализација кои не подлегнаа на дневнополитичките пропагандни потреби на Министерството за здрваство и со своето неприсуствување на овој срамен собир избраа да го заштитат своето достоинство и интегритет, да се солидаризираат на тој начин со своите колеги кои штрајкуваат и воедно да ја штитат својата професија, своите пацинети и својата иднина“ велат од Самостојниот синдикат на Клинички центри и други здрваствени организации на РМ.

Токму вчера провладините медиуми одеа во етер со сосема идентична теза и сличен текст-дека пред владата немало лекари, туку тие се појавиле на контрапротестот пред Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство