Заедничка вежба на пожарникари од Македонија, Грција, Албанија и Бугарија во грчкиот град Птолемаида

Од:

Пожарникари од Македонија, Албанија, Бугарија и домаќинот Грција, во април ќе одржат заедничка вежба во грчкиот град Птолемаида, за да се донесат заклучоци за соработката, соопшти алтернативниот министер за цивилна заштита на Грција за грчката новинска агенција АНА-МПА.

Никос Тоскас, вели дека позицијата на Птолемаида, од многу аспекти помага во соработката со балканските земји.

Како што јавува дописникот на МИА од Атина, темелите на конкретната соработка меѓу четирите земји беа поставени на министерскиот состанок во Солун, во октомври минатата година, а официјалниот почеток на соработката беше означен со средбата на раководителите на службите за противпожарна заштита и спасување од Македонија, Албанија, Бугарија и Грција, токму во Птолемаида, пред два месеца.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка на патот Кавадарци – Росоман, неколкумина повредени

Орце Костов

Спасувачка акција на Водно: Се онесвестила жена, ја извлекувале пожарникари со теренско возило

Орце Костов

Маж паднал во бунар, го спасиле прилепските пожарникари после три часа акција

Горан Наумовски

Во Зрењанин: Дете ја заклучи мајка си на терасата, жената ја спасуваа пожарникари

Полноќна драма во Земун: Дете среде ноќ висеше на четири метри висина

Спасени се пет пожарникари кои беа обиколени од огнот во Чешиново-Облешево

Горан Наумовски