Задграничен комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Австралија ја откажува поддршката за Груевски

Од:

Задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Бризбен-Квинсланд од Австралија се оградува од ВМРО-ДПМНЕ и поддршката ќе му ја даде на ФРОДЕМ. Ова во писмо до А1он го посочува претседателот на комитетот, Љубе Спасески, во кое вели дека така ќе остане се додека не се вратат основачите на ВМРО-ДПМНЕ во партијата.

-Ние задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Бризбен-Квинсланд Австралија повеќе не сме послушници на оваа корумпирана врхушка што ја води матичната партија ВМРО-ДПМНЕ во Македонија.

Додека не дојдат промени во врвот на партијата ние не сме дел од оваа врхушка.

Ние сме едни од основачите на ВМРО-ДПМНЕ и засега се тргаме настрана од ова раководство.

Понатаму ќе дејствуваме како поддржувачи на нашите идеали кои засега ги застапува здружението ФРОДЕМ кое е направено од вистински патриоти што си ја сакаа партијата ВМРО-ДПМНЕ и државата.
Ова го правиме зошто во ВМРО-ДПМНЕ повеќе нема наши сопартијци, повеќето се комуњари и влезени во партијата за функции.

Дури не се вратат основачите на партијата со млади деца ние остануваме со поддршка за ФРОДЕМ кое го води нашиот патриот Јове Кекеновски, пишува во писмото претседателот на ЗК ВМРО-ДПМНЕ, Љубе Спасески.

Освен овој, во Австралија ВМРО-ДПМНЕ има уште четири задгранични комитети, и тоа во Мелбурн, Аделајт, Перт и Сиднеј.

Претходно, од ВМРО-ДПМНЕ замина и пратеникот од Австралија, Васко Наумовски кој најави дека политичката активност ќе ја продoлжи во ФРОДЕМ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

(ВИДЕО) Австралиски новинар го прекина преносот за да спаси возач од поплавa