Забрането паркирање на Боемска улица

Од:

„Во декември месец минатата година се отвори Боемската улица 2, што се протега од улицата „Орце Николов“ до дворот на Градежниот Факултет и има должина од 270 метри, односно се протега на површина од 4000 метри квадратни.

Сакаме да ги известиме сите корисници на паркиралиштата на ЈП Паркинзи на Општина Центар дека паркирањето на оваа улица не е предвидено.

За сите возила кои ќе бидат паркирани на овој простор (освен возилата за дотур на роба) ќе интервенира Пајак службата на ЈП ПОЦ.

Во изминатиот период преку печатен информативен материјал беа известувани корисниците и затекнатите паркирани возила, а во иднина ќе биде поставена и вертикална сигнализација“, соопштуваат од ЈП Паркинзи на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски