Забраната на македонското знаме на „Австралија Опен“ било ненамерен пропуст, МНР испратило реакција

Од:

По добиените информации за пропустот поврзан со истакнувањето на официјалното знаме на Република Северна Македонија на тенискиот турнир „Австралија Опен“, Министерството за надворешни работи, преку амбасадата во Канбера, веднаш реагираше до Министерството за надворешни работи и трговија на Австралија, како и до организаторот на турнирот, „Австралија Опен“ информираат од МНР.

– Оттаму добивме уверување дека се работи за ненамерен пропуст – техничка грешка која е веднаш исправена и која не предизвикала ефективни ограничувања. Беше испратено длабоко извинување и уверување дека инцидентот нема да влијае врз силните врски помеѓу граѓаните на Австралија и Северна Македонија, кои се карактеризираат со пријателство и љубов кон спортот. Организаторот појасни дека согласно важечките правила, на трибините за време на натпреварите на турнирот дозволено е да се веат само знамиња на учесниците на натпреварот; воедно добивме и потврда дека за време на учеството на нашата натпреварувачка Илина Ѓорчевска, официјалното знаме на земјава било присутно на трибините меѓу гледачите без никакви ограничувања, се вели во соопштението од Министерството за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

Навивачи го прекинаа финалето на Австралија опен поради Палестина, викајќи и врзувајќи се за столчиња

Предраг Петровиќ

Зверев разочаран: Фрустрирачки – ова ми се случи првпат во кариерата

Епски пресврт на Медведев за пласман во финалето

Мајка со две деца од Македонија евакуирани од Газа

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он