Забрана за вршење дејност и 7.000 евра глоба за две фирми во Прилеп

Од:

Државниот инспекторат за земјоделство при вршење вонреден инспкециски надзор на подрачјето на Прилеп кај два правни субјекти констатирал прекршок за поседување, набавување и продажба на мрежи спротивно на законските прописи.

Како што изјави денеска во Куманово Мери Петровска, инспектор при Државниот инспекторат за земјоделство акцијата е спроведена на 26 јануари, годинава согласно Законот за рибарство и акавакултура.

– На двата правни субјекти им е изречена забрана за вршење дејност и 7.000 евра глоба. Воедно, во акцијата се најдени и две физички лица кои вршеа промет на риба на недозоволено место, на кои им е изречена глоба во вкупна вредност од 2.000 евра, изјави Петровска.

Во акцијата биле запленети риболовен прибор и 22 килограми риба. Во приборот имало 105 мрежи од кои 22 биле со должина поголема од 50 метри. Од Државниот инспекторат за земјодлство најавуваат дека ќе продолжат со акциите.

Би можело да ве интересира

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај