Поради врнежи од снег воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на крак Маврово-Дебар, соопшти Авто мото сојузот (АМСМ).
Укината е забраната за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Стража е укината.
Според информациите добиени во АМСМ од Ј.П. Македонија пат, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Снег со слаб интезитет провејува на Попова Шапка, Маврово и Крушево кој не се задржува на коловозoт. Магла со видливост до 100метри има на планискиот превој Плетвар.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.
Од АМСМ потсетуваат на законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2015 година.