Забрана за сообраќај на патот Близанско – Козјак поради голем одрон

Од:

Поради голем одрон на патниот правец Македонски Брод – Скопје вечерва е воведена забрана за сообраќај на секаков вид моторни возила, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

Големиот одрон се случил на потегот Близанско-Козјак на 1,6 километри после браната, поради што во 17:45 часот е воведена забраната за сообраќај.

Прекин во сообраќајот има на патниот правец клучка Марвинци – Гевгелија поради излевање на реката Вардар на коловозот.

Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Трботивиште – Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на реката Брегалница.

На патниот правец Демир Капија – Корешница е воведена забрана за сообраќај на лесни возила поради излевање на реката Вардар на коловозот.

Во општина Пробиштип, поради свлечиште и понатаму е во прекин сообраќајот за сите видови моторни возила на патниот правец Киселица – Злетово. Возилата се пренасочени од Киселица – Пробиштип – Леговец – Злетово.

Поради зголемување на нивото на реката Брегалница, превентивно е затворен патниот правец од Ново Село кон Радовиш.

Сообрачајот на локалниот пат за село Покрајчево кој го поврзува магистралниот пат А-4 Радовиш-Струмица, поради излевање на Радовишка Река, е во прекин и се одвива преку село Подареш-Радовиш.

Регионалниот патен правец од село Тополчани кон село Клепач поради премногу вода е во прекин за секаков вид на сообраќај.

Сообраќајот на патниот правец Скопје – село Брезница – Кула – Коломонт – Македонски Брод е во прекин поради големи одрони од камења на делот Коломонт – Близанско.

Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива по влажни коловози поради врнежи од дожд и снег, соопшти АМСМ.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он