Забрана за прием на невакцинирани деца во градинките во Oпштина Кисела Вода

Од:

По прогласувањето на епидемија од морбили (мали сипаници) на целото подрачје на град Скопје од страна на Министерството за труд и социјална политика, Општина Кисела Вода известува дека од денес 03.01.2019 година, стапува во сила привремена мерка забрана за носење на сите невакцинирани деца од МРП-вакцината (за морбили, рубеола и паротитис) во сите градинки на подрачјето на градот.

„Ваквата мерка стапува во сила согласно со член 56 и 57 од Законот за заштита на населението од заразни болести. Населението од ова исклучително опасно заболување може да се заштити со вакцинација, соопштија од Министерството за здравство, од каде што посочуваат дека сите заболени од морбили се невакцинирани лица.

Воедно, во сите градинки на територија на Општина Кисела Вода, се спроведуваат и останатите санитарно-хигиенски и противепидемиски мерки: проверка на вакциналниот статус во досието на згрижените деца и да изготви список на неимунизирани деца со МРП, спроведување на темелно механичко чистење и дезинфекција на објектот, засилено одржување на хигиената и дезинфекција во установата, вршење на тријажа при прием на децата, како и следење на здравствената состојба на децата и информирање на ЈЗУ Центар за јавно здравје –Скопје за секое зголемено отсуство.

Општина Кисела Вода апелира до родителите да се придржуваат до препораките од Министерството за здравство, со цел да се заштитат децата од ова заболување и да се спречи понатамошно ширење на епидемијата од морбили“, се вели во соопштението на Општината.

Би можело да ве интересира

СЗО: Најмногу заболени од сипаници во последните 13 години

Досега вакцинирани 34.214 лица на возраст до 14 години со МРП вакцина

Ана Ололовска

Досега вакцинирани 32.653 лица со МРП вакцина, минатата недела нови 10 заболени

Ана Ололовска

Се бара помош за опожарените станови во Кисела Вода

Мери Јордановска

Се разгледуваат уште две алтернативни локации за преселба на центарот за зависници во Кисела Вода

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожарот изгоре сè, ѝ остана само една кеса во рацете

Мери Јордановска