Забрана за камиони на патиштата Пробиштип-Кратово и Радовиш-Конче

Од:

Авто-мото сојузот на Македонија информира дека се уште се во сила забраните за движење на тешки товарни возила на регионалниот пат Пробиштип – Кратово поради појава на свлечиште, на влез во Кратово, како и на патниот правец Радовиш – Конче, исто така поради свелчиште.

На патот Радовиш-Конче, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, и е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Сообраќајот на останатите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава