Забрана за движење на тешки товарни возила на повеќе патни правци

Од:

Забрана за движење на тешки моторни возила е воведена вечерва на патниот правец Ресен – Охрид преку планискиот премин Буково, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.

На патниот правец Гостивар – Кичево преку преминот Стража, како што се посочува, има забрана за сообраќај на сите видови на товарни возила, без оглед на нивната маса. За патничките возила задолжителна е употреба на зимската опрема

Во меѓувреме, сообраќајот на патниот правец Росоман – Прилеп е отворен за сите видови на возила во двата правци, а на патниот правец Велес – Катланово е отворен само за патнички возила по една коловозна лента. За товарните возила останува забраната за движење, наведуваат од АМСМ.

Претходно од ЈП Македонија пат информираа дека забрана за движење на тешки моторни возила вечерва е воведена и на патните правци Кичево – Охрид преку планискиот премин Пресека, Крива Паланка – Деве Баир и Македонски Брод – Прилеп преку планинскиот премин Барбарос.

Би можело да ве интересира

Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крива Паланка

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Снег на повеќе патни правци, укината забраната за камиони на Пресека

На Алјаска падна повеќе од 2,6 метри снег, се урнаа покриви на згради

Слаб снег на Попова Шапка, Маврово, Плетвар и Ѓавато

Студен бран во Македонија и дел од регионот

А1он