Забрана за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

Од:

Поради обилни врнежи од снег на патниот правец Тетово – Попова Шапка од 9.25 часот се воведува забрана за сообраќај за автобуси, а за автомобилите е задолжителна зимска опрема (синџири), иформира АМСМ.

Претходно, АМСМ соопшти дека изутрина во 5.15 часот е воведена забрана за камиони на патот Струга – ГП Ќафасан. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Куманово, Страцин, Крушево, Железнец, како и на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека.

Од 10 часот на ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење товарни возила, која ќе трае во наредните 48 часа заклучно со 10 јануари во 10 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек.

Би можело да ве интересира

Провејува снег во Маврово и Крушево и на премините Стража и Ѓавато

Од утре до петок врнежи од дожд, на планините снег

Денеска врнежи од дожд, на планините снег

Слаб снег на Попова Шапка, сообраќајот се одвива без застои

Горан Наумовски

На Попова Шапка најстудено -3 степени и 57 сантиметри снег

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот