Забавен процесот на вакцинација, Филипче најавува 600 илјади вакцини до крајот на јуни

Од:

Процесот на вакцинација е забавен бидејќи нема доволно вакцини. Динаминката ќе се промени, кога ќе стигнат „Синовак“ од Кина и 100 илјади од „Фајзер“ преку ковас-системот. Ова во тврди министерот за здравство Венко Филипче, според кого, до крајот на јуни, 600 илјади вакцини треба да се пристигнати во Македонија.

„Процесот на вакцинација, споредено со она што беше претходните недели, кога стигнаа големата количина на вакцини од Кина е нешто успорен, поради малата количина на вакцини која што доаѓа секој понеделник. Нашата последна информација е дека 100 илјади вакцини на ‘Фајзер’ преку ковакс-системот ќе стигне на 28 јуни, а на 27 или 28 јуни, половина од кинеските вакицини ‘Синовак’ и останатата поливина до вкупно 500 илјади, до 30 јуни“, вели Филипче.

Тој најавува дека наскоро, откако сите ќе добијат термини, граѓаните ќе можат и без термин да одат и да се вакцинираат на пунктови.

„До крајот на следната недела, се очекуваат овие вакцини, за да се забрза процесот на вакцинација, за да во периодот, не подолг од 2 недели, сите пријавени, односно 180 илјади граѓани да добијат вакцини и да се вакцинираат и потоа да ги отвориме пунктовите за сите кои сакаат, да се вакцинираат на лице место“, вели Филипче.

Би можело да ве интересира

Започнува караван за вакцинација против Ковид-19 во повеќе општини низ државата

Ана Ололовска

Бројот на починати од Ковид-19 намален за 33 проценти, кај новозаболените има пад од 27 посто

Предложено укинување на две рестриктивни мерки за спречување на коронавирусот

Кристијан Ландов

Зголемен бројот новозаболени од ковид меѓу децата и тинејџерите

Катерина Ѓуровски

Петличковски: Шестмина вакцинирани со три дози починале во јануари, но анализите покажуваат дека трета доза штити од смрт над 95 отсто

Маја Илиевска-Пачемска

Бремените жени имаат поголема веројатност да се разболат од Ковид-19, Институтот за јавно здравје препорача вакцинирање

Катерина Ѓуровски