Забава за првиот роденден на градинката „Кочо Рацин“

Од:

Децата од новата градинка „Кочо Рацин“ со журка, торта  и балони го прославија првиот роденден на нивниот втор дом. Тортата на која сите се радуваа беше во облик на градинката.

На роденденската забава присуствуваше и градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Општина Центар со свои средства ја изгради градинката, а најмладите добија најубави и најквалитетни услови за престој, другарување и учење.

Новата градинка „ Кочо Рацин“ е на местото на стариот руиниран објект и е три и пол пати поголем од претходниот.

На  две илјади и осумстотини метри квадратни, запазени се сите критериуми за безбедност на децата. Ова е прв јавен објект со енергетска ефикасност, со подови од винил и подно греење, секоја просторија има свој санитарен чвор, регулаторна температура и антиалергиска подлога.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски