Забава со пејачки и танчерки во Гостиварско: Инспекторите го запечатија ресторанот, полицијата го приведе газдата

Од:

Забава со танчарки по маси и пејачки, затекнале пазарните инспектори доцна вечерва во гостиварски ресторан, дознава „А1он“. При контролата која била спроведена, биле затекнати 12 девојки, од кои 5 се странски државјанки.

Ресторанот бил полн со гости, а забавата била веднаш прекината од инспекторите. Во локалот била интервенирала и полицијата, а приведен е газдата кој е спроведен во полициска станица.

Директорот на Пазарната инспекција, Стојко Пауновски ја потврдува акцијата на инспекторите и вели дека го затвориле ресторанот на 30 денови, а ќе поднесат и прекршочна пријава. Инспекторите ќе издадат и платни налози од над 5000 евра како казна за ресторанот каде е правена забавата.

Од МВР нема информации за тоа дали ќе има и кривична пријава, но и како ќе се постапува со петте девојки кои се странски државјанки, а нелегално работеле во угостителскиот објект.

Поради заштита од ширење на коронавирусот, Владата уште пред неколку месеци донесе мерки со кои забрани организирање на прослави во затворен и отворен дел од објектот, како и музички настапи со музички уметници, пејачи, диџеи. Во рестораните е забрането и групирање, а на сила е и ограничување на јачината на музиката во угостителските објекти. Во просторот за послужување на гости каде има поставено маси, мора да се обезбеди растојание од столче до столче од 1,5-2 метри со соседните маси во сите правци. Максимален број на лица на една маса се ограничува на 4 лица.

Би можело да ве интересира

ДПИ најави сузбивање на нелојалната конкуренција од нерегистрираните трговци

Ана Ололовска

Анета Симеска Димоска именувана за в.д. директор на Државниот пазарен инспекторат

Жарко Настоски

Заев за разрешувањето на Пауновски: Непочитувањето на етичкиот кодекс и инаетењето по медиуми не е одлика на добар директор

Габриела Димковиќ-Мишевска

Пауновски: Одбраната на интегритетот и професионалноста на институцијата не наидоа на разбирање од премиерот

Жарко Настоски

Владата го разреши Стојко Пауновски поради „непрофесионално однесување“

Жарко Настоски

Заев не се откажува од разрешувањето на Пауновски: Каква и да е одлуката, соработката ќе продолжи

Кристијан Ландов