„За заедничка Македонија“ го оспори изборот на Талат Џафери пред Уставен суд

Од:

Претставниците на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија” ја поднесоа иницијативата до Уставниот суд за оценување на уставноста на изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието.

Тужбата била составена од врвни правници и од иницијативата очекуваат дека судот без никакви политички калкулации, водејќи се само од Уставот и законите на Република Македонија ќе оформат предмет по оваа иницијатива и ќе го поништат изборот на Талат Џафери.

„Единственото оружје што го имаме е почитувањето на Уставот и законите. Граѓаните треба да ја добијат оваа битка. Ако не го почитуваме Уставот, тогаш ќе ги уништиме темелите на правната држава. Уставните судии треба чесно и професионално да си ја завршат работата без емоции и политички калкулации. Се надеваме дека по оваа иницијатива нема долго време да се чека за да се оформи предмет. Јасно е дека изборот на претседател на Собранието не е изведен според процедурата, според Уставот, законите и Деловникот на Собранието. Ова е обид за местење на претседател“, изјави Богдан Илиевски.

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции