• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Едно лице само се пријавило, а МВР разговарале со уште две лица за настаните во Собранието

by А1он15/05/2017 - 16:2215/05/2017 - 16:2390
Share0

„Во врска со немилите настани што се случија на 27.04.2017 година во Собранието на Република Македонија, на 13.05 и 14.05.2017 година од страна на СВР Скопје преземени се соодветни мерки и активности и вршен е преглед на видео записи, а во насока на идентификување на останати лица учесници во настаните кои презеле дејствија кои имаат елементи на сторено кривично дело.

Добивај вести на вибер

На 13.05.2017 година, по претходно доставени покани, во просториите на СВР Скопје бил извршен разговор со лицата Д.С. (39) од Скопје и А.Б. (60) од Тетово. По извршениот разговор истите се ослободени, а во консултација со Јавен обвинител против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 13.05.2017 година во 20.50 часот во полициска станица само се пријавило лицето Н.М. (34) од Скопје, против кое претходно беше поднесена кривична пријавена во врска со настаните во Собранието и за кое беше распишан централен распис. Лицето било задржано во полициска станица по што, на 14.05.2017 година, во периодот од 01.00 до 01.30 часот, од страна на полициски службеници, а согласно Судска наредба, било спроведено до Казнено-поправната установа Затвор Скопје.

Секторот за внатрешни работи Скопје, во консултација и соработка со Основното јавно обвинителство Скопје, и понатаму презема мерки и активности во врска со настаните што се случија на 27.04.2017 година во Собранието на Република Македонија и обезбедување на преостанатите кривично пријавени лица, како и на идентификација и документирање и на други лица учесници во настаните“ се вели во соопштението од МВР.

mvrsobranie

Би можело да ве интересира

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Катерина Ѓуровски21/01/2026 - 13:59

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он20/01/2026 - 15:3820/01/2026 - 15:38

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

Горан Наумовски20/01/2026 - 12:26

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он12/01/2026 - 19:36

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 08:39

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

Горан Наумовски11/01/2026 - 21:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен