За влез и за излез во државата од Табановце и Богородица се чека еден час

Од:

За влез од граничниот премин Табановце и за излез од граничниот премин Богородица се чека околу еден час, соопштија денеска Министерството за внатрешни работи за МИА. Од МВР посочуваат дека се ставени сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници. Викендов на ГП Табановце влегле над 26.000 патници, на Богородица излегле над 22.000 патници.

Изминатите 24 часа на ГП Богородица е забележана зголемена сообраќајна фреквенција и гужва на излезот од земјава кон Грција, која предизвикала некаде до пладне за излез да се чека меѓу 40 мин

– На излез од Република Северна Македонија на ГП Богородица се чека околу еден час, а на ГП Стар Дојран околу 45 минути. На ГП Богородица работат пет ленти за излез, а на ГП Дојран две. На ГП Табановце работат пет ленти за влез. За влез во државата се чека околу еден час. Од страна на МВР се преземаат сите мерки и во функција се ставени сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, се разбира со спроведување на задолжителните гранични проверки, информираа од МВР.

Викендов, од 19 до 21 јули годинава, излез од ГП Богородица оствариле 22.715 патници. На ГП Табановце викендов во државата влегле 26.063 патници. На овој граничен премин, денеска, од полноќ досега, за влез се пријавени 3.245 патници.

Според податоците на МВР од 1 јануари годинава до 15 јули минатата година, бројот на патници за излез од државата на ГП Богородица бил 724.840, а за истиот период (1 јануари до 15. јули годинава), бројот на патници за излез од Република Северна Македонија на ГП Богородица бил 750.812, што значи, има зголемување за околу 25.000 во однос на лани.

Би можело да ве интересира

Од 17 часот шестчасовна блокада на граничниот премин Евзони

Богородица-Евзони под блокада до вечер до 22 часот

И денеска Богородица-Евзони блокиран двпати по четири часа, во следните три дена грчките земјоделци ќе паузираат

Катерина Ѓуровски

Викендов на „Табановце“ во земјава влегоа над 36.000 македонски државјани

А1он

Повторно блокади на премините кон Грција, двапати по четири часа

Граничниот премин „Богородица“ е затворен за сообраќај