За власта државнички говор, за опозицијата Иванов е портпарол на Владата

Од:

Годишното обраќање на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во Собранието на Република Македонија од пратениците од владејачките партии беше оценетo како вистински државнички говор, додека опозицијата смета дека тој уште еднаш не успеал да излезе од партиските стеги.

„Во Собранието на Република Македонија денеска имавме вистинско државничко обраќање на претседателот Ѓорге Иванов. Тој направи се што може да ја промовира Република Македонија и да им помогне на граѓаните“, изјави Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ.

Неговото државничко работење, смета таа, се гледа во 26-те посети на странски држави и 86 средби со странски државници, со шефови на држави, преку кој лобираше за нашата татковина.

Најважната порака на Иванов, според неа, е да се престигнуваме во доброто.

Опозициските пратеници сметаат дека Иванов не успеал да излезе од партиските стеги и дека е само портпарол на Владата.

„Цела среќа што претседателот Иванов има уставна обврска да се обрати пред Парламентот за да можеме да го чуеме, инаку имаше опасност неговиот молк да продолжи, а за жал јавноста со право оваа година очекуваше за многу значајни работи тој да го искаже својот став“, изјави Андреј Петров од СДСМ.

Тој оцени дека денеска претседателот Иванов се ставил во функција да биде гласноговорник и верна сенка на премиерот и се стави во функција на владејачката партија.

„ Бидејќи зборуваше, меѓу другото, и за буџетот напаѓајќи ја опозицијата можам само да му порачам дека најголемиот непродуктивен расход на буџетот на државата ќе биде неговиот мандат“, изјави Петров.

Крајна разочараност од обраќањето на Иванов денеска изрази пратеникот Ердоган Сарач. – Навреден сум од тоа што сметам дека не сум еден од тие што со сила го попречуваат донесувањето на буџетот. Јас со моита амандмани барам вода, образование, инфраструктура за Турците, рече Сарач.

Годишното обраќање на претседателот не го следеа пратениците на НДП и на ДПА.

Фљамуре Креци од НДП образложи дека таа и Изет Зеќири не присуствувале на седницата поради тоа што Иванов ниту еднаш не ги претставил потребите и интересите на Албанците.

Би можело да ве интересира

Собранието ја прифати интерпелацијата за државниот обвинител Коцевски

Катерина Ѓуровски

На 29 јули интерпелација за републичкиот јавен обвинител – Љупчо Коцевски

А1он

Пратениците дебатираат за ребалансот на Буџетот за 2025 година

Утре на пленарна седница ќе биде дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025 година

Собранието ќе одлучува за дополнетиот ребаланс на Буџетот одобрен од Владата

Мицевски: Владата има луѓе, има механизација сега и се справува со сите можни и неможни позиции коишто ги има