За викендот нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер

Од:

Под влијание на нестабилна и влажна воздушна маса за време на викендов и почетокот на следната седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија и влажност во атмосферата локално процесите повремено ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кусо време(над 20 л/м2), електрични празнења, силен ветер (над 60 км/час) од променлив правец и изолирана појава на град, соопшти УХМР.

И во Скопската Котлина повремено ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.

Од УХМР препорачуваат во случај на појава на електрични празнења, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Би можело да ве интересира

УХМР: Викендов и на почетокот на идната седмица слаби локални врнежи од дожд, пообилни ќе бидат во среда

Денеска врнежи од дожд, на планините снег

Денeска облачно со сончеви периоди и повремен дожд

Горан Наумовски

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Следните денови врнежи од дожд и посвежо

Денеска претежно облачно со слаб локален дожд