За утре најавено невреме и силен дожд, УХМР вели: нема опасност од излевање на реките

Од:

Под влијание на атмосферски фронт, утре ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

– На одредени места од државата локално се најавуваат поинтензивни поројни врнежи од дожд, при што нема опасност од излевање на поголемите реки во земјата, наведуваат од Управата.

Оттаму уште додаваат дека доколку на одредени места врнежите бидат поинтензивни и паднат за кратко време и ако бидат во форма на невреме придружувани со силен ветер, можна е појава на слевање на вода во градските урбани средини поради неможноста за одведување на водата.

Исто така, при краткотрајни интензивни врнежи можно е локално брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците. При такви околности, предупредуваме на внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците низ земјава.

Би можело да ве интересира

Дожд и снег наизменично, температурите продолжуваат да паѓаат

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава

Претпладне дожд, попладне снег

Попова Шапка под снег, дождови во Крушево, Охрид и Претор

Горан Наумовски

Студено утро, умерени дневни температури – дожд и снег на повисоките места

Денеска облачно со дожд и јужен ветер