Денеска облачно со повремени врнежи од дожд и посвежо

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи.

Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град.

Ќе дува засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од северeн правец со брзина од над 60 километри на час.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната значително ќе опадне и ќе дбиде во интервал од 20 до 27 степени Целзиусови.

Во Скопје че биде променливо облачно и посвежо, претпладне со повремени врнежи од дожд.

Ќе дува засилен, во делови од котлината повремено силен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 24 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во следните денови времето ќе биде стабилно, во деновите од викендот посвежо, особено наутро, а од понеделник температурите повторно ќе бидат во пораст.

Би можело да ве интересира

Најмногу дожд наврна во Гевгелија 18 литри на квадратен метар

За викендот дожд, ветер и заладување

Денеска сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Денеска сончево и топло со услови за пороен дожд и грмежи

УХМР: Утре попладне засилен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град

Утре нестабилно со пороeн дожд, од четврток следува топлотен бран со температури над 40 степени