Попладне нестабилно со пороен дожд

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 километри на час) и услови за изолирана појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 23 до 32 степена.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди.

Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме.

Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 30 степени.

УХМР најавува дека утре и во сабота времето ќе биде стабилно со пониски температури.

Од недела температурите повторно ќе бидат во пораст, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Би можело да ве интересира

Најмногу дожд наврна во Гевгелија 18 литри на квадратен метар

За викендот дожд, ветер и заладување

Денеска сончево и топло со услови за пороен дожд и грмежи

УХМР: Утре попладне засилен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град

Утре нестабилно со пороeн дожд, од четврток следува топлотен бран со температури над 40 степени

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни

Горан Наумовски