За три месеци од Ковид-19 починале 1.592 лица, 82 проценти не биле вакцинирани

Од:

Во периодот од 6 август до вчера, на територија на државата се потврдени 45.621 граѓанин позитивни Ковид-19, од кои 12.375 лица или 27 отсто биле целосно вакцинирани. Според статистика за изминативе два месеци, 33.246 граѓани, односно 73 отсто од позитивните на Ковид-19, не биле вакцинирани, се наведува во анализата на вакцинирани од позитивните случаи со Ковид-19, што денеска ја објави Министерството за здравство.

За вакцинирани, како што се посочува во соопштението, се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 75 отсто, додека само 25 отсто од сите моментно хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.

Во период од 6 август до вчера, на територија на државата починале 1.592 пациенти со Ковид-19. Од нив, 1.310 пациенти или 82 отсто не биле вакцинирани, а 18 отсто, односно 282 примиле вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.

Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас. Секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна, информираат од Министерството и апелираат граѓаните да се вакцинираат, бидејќи само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска