За три дена издадени 1.853 потврди за барање азил

Од:

За три дена, 1.853 мигранити добиле потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање право на азил во Република Македонија, соопшти МВР.

Од 19 јуни до утринава издадени се потврди на вкупно 20.605 странски државјани, од кои, 15.038 се од машки пол, 2.729  жени, 2.647 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 191 деца кои патуваат без родител.

Според евиденцијата на МВР, 15.290 потвди се издадени на државјани на Сирија, потоа Авганистан 1.543, Ирак 1.172, Пакистан 676, Сомалија 456, Палестина 396, Конго 277, Камерун 124, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до денес до Одделението за азил биле поднесени 41 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 31 барања се од државјани на Сирија за азил од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил денеска биле евидентирани вкупно 22 баратели на азил, од кои 13 се мажи, две жени и седум малолетни лица.

Од присутните баратели на азил во Прифатниот центар, двајца баратели на азил се малолетни лица без придружба на старател, додека пак бремени барателки на азил како и баратели на азил со повреди не се регистрирани, информираат од МВР.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за членка на Судски совет, 15 пати зела парти за превоз, а ќерка и имала стан во Скопје

Катерина Ѓуровски

МВР: Од 12 октомври нов систем за влез/излез од ЕУ, со што сè треба да се подготват патниците

Горан Наумовски

Пијаните возачи ќе одговараат кривично, заострување на казните

Ги нападнале овчарски кучиња, се качиле на столб за мобилна телефонија – спасени белгиски планинари во Ценар Жупа

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Еднојазичните униформи не се само облека

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори