За „Спутник“ и „Синовак“ нема датуми, но Филипче уверува дека вакцинацијата нема да запре

Од:

Откако вчера извести дека во државата има само 5000 останати вакцини за оние што ќе примаат прва доза, денес министерот за здравство Венко Филипче уверува дека вакцинацијата нема да сопре оти синоќа стигнале 11.720 дози од вакцината на „Фајзер“. Тој потврди дека вакцинацијата оваа недела ќе се одвива со намалено темпо, но очекува веќе од следната недела повторно да се достигнува бројката од 12 – 13 илјади вакцинирани дневно.

„За ’спутник’ и ’Синовак’ се уште немаме точни датуми кога ќе стигнат. За ’спутник’ беше најавено дека ќе стигне на крајот на мај. Јас вчера разговарав со амбасадорот на Русија, зема обврска во текот на денот да искомуницира со Институтот во Москва и да ни даде повратни информации. Најавата за пристигнување на вакцините од ’Синовак’ е за почетокот на јуни. Кажаа првата недела, првите десетина дена дека треба да ги очекуваме. Имунизацијата нема да запре, вчера стигнаа фајзеровите вакцини и тие ќе бидат дистрибуирани во пунктовите. Во текот на неделава очекуваме и други вакцини да стигнат пред се од Бугарија, а понатаму и од Грција“, рече министерот Филипче.

Во текот на неделава министерот Филипче очекува да стигнат 50.000 дози од вакцината на „Астра зенека“ од Бугарија и уште 20.000 дози од Грција. Со оваа вакцина кај нас се вакцинираат само лица над 60 години. Иако голем дел од нив се веќе вакцинирани, министерот Филипче вели дека вакцините ќе бидат искористени оти се уште имало голем број лица кои не се пријавиле за вакцина а имаат повеќе од 60 години. Забраната за вакцинирање лица помлади од 60 години со „Астра зенека“ останува се додека не се утврди дека е безбедна.

Во првите десет дена од овој месец се очекуваат 500.000 дози од кинеската „Синовак“.

Би можело да ве интересира

Започнува караван за вакцинација против Ковид-19 во повеќе општини низ државата

Ана Ололовска

Бројот на починати од Ковид-19 намален за 33 проценти, кај новозаболените има пад од 27 посто

Предложено укинување на две рестриктивни мерки за спречување на коронавирусот

Кристијан Ландов

Зголемен бројот новозаболени од ковид меѓу децата и тинејџерите

Катерина Ѓуровски

Петличковски: Шестмина вакцинирани со три дози починале во јануари, но анализите покажуваат дека трета доза штити од смрт над 95 отсто

Маја Илиевска-Пачемска

Бремените жени имаат поголема веројатност да се разболат од Ковид-19, Институтот за јавно здравје препорача вакцинирање

Катерина Ѓуровски