За смртта на новороденчето на гинекологија, Министерството за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор

Од:

Министерот за здравство Азир Алиу иницираше вонреден инспекциски надзор до Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а потоа и стручен надзор, во врска со смртта на новороденче на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Од Министерството за здравство изразија сочувство до семејството и информираа дека целта на надзорите е целосно утврдување на околностите и расветлување на случајот. Посочуваат дека постапката ќе биде спроведена професионално, стручно и транспарентно, со цел јавноста објективно да биде информирана за наодите и преземените активности.

Оттаму апелираат да се почекаат резултатите од инспекцискиот и стручниот надзор, како и обдукцискиот наод, кој е единствен и конечен за утврдување на причините за смртниот исход, за да не се создава немир кај семејството и во јавноста.

Министерството потсетува дека Клиниката за гинекологија и акушерство е врвна терциерна здравствена установа со законски пропишани протоколи за постапување во вакви случаи и најавува дека јавноста ќе биде навремено информирана по добивањето на сите наоди.

Комисијата за здравство на СДСМ денеска побара итна оставка од директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, д-р Ирена Алексиовска Папестиев, поради, како што наведуваат, прикривање на случај со смрт на новородено бебе и сомнежи за лекарска грешка.

„Родителите биле уверувани дека смртта била неизбежна, додека интерни документи од Клиниката укажуваат на сериозни пропусти во лекувањето“, изјави Елена Радеска од Комисијата за здравство на СДСМ.

Според партијата, началничката на интензивна нега писмено пријавила дека несоодветно лекување и 20-минутна реинтубација довеле до компликации и смрт на бебето, а директорката, иако била известена, два месеца не го пријавила случајот.

СДСМ бара целосна и независна истрага и одговорност од сите инволвирани, без разлика на функцијата или хиерархијата.

Би можело да ве интересира

Бебе старо само осум дена било донесено во болницата во Прилеп без знаци на живот

Бебе почина во Општата болница во Кичево, телото дадено на обдукција

Катерина Ѓуровски

Петгодишно девојче фрли бебе низ прозорец

А1он

МЗ: Во текот на ноќта извршени 13 интервенции од Итна помош во Трубарево

А1он

Скопјани и утрово се разбудија во силна, непријатна миризба

По наводите дека се вршат непотребни операции, д-р Кедев на средба со министерот за здравство

А1он