За шест месеци над 17.000 редовни и акциски контроли на подрачје на СВР Куманово

Од:

На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово во првата половина од тековната година полициски службеници извршиле редовни и акциски контроли и контролирале вкупно 17.116 возила и возачи. За прекршокот возење без возачка дозвола во првата половина од 2018 година поднесени се вкупно 552 барања за поведување на прекршочна постапка, а 36 возачи платиле глоби за овој прекршок. Прекршителите најчесто управувале патнички моторни возила и моторцикли.

Инаку, на подрачјето на секторот, во првите шест месеци се случиле 274 сообраќајни несреќи. Две лица го загубиле животот, седумнаесет се здобиле со тешки телесни повреди, 127 со повреди, а во толкав број сообраќајки имало материјална штета.

Најчести причини за настанување на сообраќајните незгоди во 59 случаи било првенство на минување во 31 случај страна на движењето во 20 растојание, 13 сообраќајки се случиле поради престигнување, по осум биле поради брзо возење и состојби на патот и во шест алкохолот бил причина за настанување на сообраќајни несреќи.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби