За шест часа казнети 127 возачи за пребрзо возење

Од:

Во периодот од 13 до 19 часот, денеска сообраќајните полицајци од СВР Тетово спроведоа засилената акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната брзина, при тоа санкционирани се 127 возачи.

– Од нив, 33 возеле со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволената, а девет возила со дури над 70 километри на час над дозволеното. 94 возачи се санкционирани на територија на Тетово, а 33 на територија на Гостивар. СВР Тетово уште еднаш со апел до возачите-прилагодете ја брзината според условите на патот за својата и за поголема безбедност на другите учесници во сообраќајот, информира Марјан Јосифоски од СВР Тетово.

Најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава