За само едно деноноќие опожарени пет возила во Кисела Вода, Ѓорче Петров и во Валандово

Од:

За само едно деноноќие, полицијата регистрирала три одделни случаи на подметнати пожари во возила. Вкупно, опожарени биле пет автомобили.

За случајот во „Расадник“, Кисела Вода, полицијата извести дека во 04.54 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, биле опожарени три возила: патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Д.С.(32) од кумановско, патничко возило „рено“ со скопски регистерски таблички, сопственост на М.С.Е.(31) од Скопје и патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистерски таблички, сопственост на Љ.М.(62), од Скопје. Огнот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

„Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Околу 03.30 часот во Скопје, на територија на Ѓорче Петров, било опожарено патничко моторно возило „голф“ со скопски регистерски ознаки, сопственост на Д.Д.(30) од Скопје.

Опожарено возило имало и во Валандово. Вчера во 22.20 часот во Валандово полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го уапсиле З.К.(40) од Валандово поради сомнение дека околу 21.40 часот подметнал пожар на патничко возило „опел“ со валандовски регистарски ознаки, сопственост на Д.Б. (35) од Валандово.

„З.К. претходно и телефонски му упатувал закани на Д.Б.. З.К. е задржан во Полициската станица Валандово, извршен е претрес во неговиот дом и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава до ОЈО Гевгелија“, се вели во полицискиот билтен.

Би можело да ве интересира

Запалено возило „опел мерива“, огнот зафатил уште две возила

A1on

Адеми: Изразете поддршка за Груби, постапки на кукавици не треба да не плашат

А1он

Груби за опожареното возило: Им се извинувам на соседите за големото вознемирување

A1on

Изгоре „пунто“ со српски таблички кај Маркова нога

Уапсениот за палењето на автомобилот на пратеникот од Прилеп, го искршил телефонот во полициска станица

Кристијан Ландов

Во движење се запалил автомобилот на Стопанската комора за енергетика, изгорел за три минути

Кристијан Ландов