За Русковска да остане шефица гласале 14 обвинители, од 163 кои имале право да бираат

Од:

Вилма Русковска, досегашната шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, за нов мандат добила поддршка од вкупно 14 обвинители кои гласале на изборите, дознава „А1он“. Според информациите до кои дојдовме, Русковска најмногу гласови добила во скопското Вишо обвинителство односно вкупно 12. По еден, добила во државното обвинителство и Вишото обвинителство во Битола. Право на глас имаа вкупно 163 обвинители од обвинителствата ширум Македонија.

Русковска беше убедена ќе добие поддршка. Во дебатата на „А1он“, таа кажа дека е сигурна 102,5%, исто како што беше сигурна и Деса Пауновска од Гостивар која доби 10 гласови на поддршка. И кога гласаше, попладнево, повтори дека очекува победа, но и дека доколку изгуби, ќе признае пораз.

„Јас знаете што реков кога почнав актуелни функционери да гонам имаше една реченица во ‘Среќна нова 49’, легендарна реченица и секогаш ја споменувам вели ‘Истокот не отпиша, Запад не нѐ запишува’. Значи мене опозицијата никогаш ме немала запишано, а позицијата ме отпиша“, рече Русковска во дебатата на „А1он“ па одговори на тоа што значело нејзиното запишување кај власта која сега ја отпишала.

Себеси, се претстави како безгрешна. Не ги прифати замерките од колегите кои претендираат да ја добијат позицијата дека пречесто била на телевизија и коментирала за дисциплинската постапка.

„Одлично си ја работам работата“, контрираше Русковска.

На прашањето дали камшикот удри по нејзин грб, додаде: „Па не, ако мислите дали ми е загрозен угледот меѓу колегите, мислам не. Напротив мислам дека сега имам поголем поддршка од колегите него што сум имала претходно“.

Обвинителката ако не стане шефица, нема да се врати да биде основна обвинителка, открива во дебатата.

Би можело да ве интересира

Мерко молчи по двете поднесени обвиненија, во обвинителствата против него има уште 14 активни предмети

Александар Тодески

ВМРО-ДПМНЕ: Русковска која беше инструмент на власта во прогонот на неистомислениците и патриотите, сега има можност да ги признае сите злодела

(ВИДЕО) Русковска пред еден месец кажа дека има информации за нејзиното разрешување

Александар Тодески

Секој што бил прислушуван сам ќе треба да тужи: Кривичен суд ги праќа на граѓанска постапка откако предметот застаре

Александар Тодески

Дисциплинската комисија бара разрешување на Вилма Русковска

Катерина Ѓуровски

Дисциплинска постапка против Русковска и уште две обвинителки

Ана Ололовска