За првпат во земјава спроведена постапка за стимулација на нервот вагус

Од:

За првпат во јавното здравство во нашата земја, денеска се направи една интервенција што означува почеток во работа во една сосема нова сфера во неврохирургијата и неврологијата, а тоа е т.н. постапка за стимулација на нервот вагус и се користи за подобрување на квалитетот на животот на пациентите кои имаат епилепсија, изјави министерот за здравство Венко Филипче при посетата на Клиниката за неврохирургија.

Станува збор за пациенти кај кои терапијата нема никаков ефект и кои имаат многу чести епилептични напади и не можат да ги вршат нормалните животни функции.

– Со оваа метода се намалува и фреквенцијата и силината на нападите и сега оваа група пациенти има сериозна шанса да се врати во нормалниот живот, нагласи Филипче.

Во земјава има околу 15 илјади пациенти кои имаат епилепсија, а 30 проценти не реагираат на терапија.

– Тоа значи дека имаат толку чести напади, што едноставно не може да извршуваат нормални животни функции. Еден од пациентите, има по десетина напади во ден, а сега со оваа стимулација на нервот вагус, што минува во вратот и тука се поставува електрода, импулсот оди назад и на тој начин се смирува мозочната активност, односно се редуцираат нападите. Оваа метода во изминатите две децении интензивно се работи и е ново поле во невро науката, појасни Филипче.

Тој изрази благодарност до д-р Вашчаревиќ од Институтот за неврохирургија во Белград, кој заедно со останатиот тим на Клиниката, директорот на Клиниката за неврохириргија во Скопје, Владимир Рендевски и сите колеги кои ќе работат на ова поле.

Директорот на Клиниката за неврохирургија Рендевски посочи дека ова претставува нова врата во функционирањето и напредокот на Клиниката, од што бенефит ќе имаат сите пациенти.

– Сите пациенти со тешки форми на епилепсија, кои претходно одеа на лекување во странските центри, отсега ќе може да бидат тука и оперативно третирани и секако понатаму, во соработка со Клиниката понатамошниот нивни третман ќе биде правен во нашите простории, што ќе биде големо олеснување за нив, изјави Рендевски.

Би можело да ве интересира

Се истражува оштетувањето на електричната табла до прилепската модуларна болница каде има 17 пациенти

Ана Ололовска

Оштетена таблата за електрична енергија на модуларната болница во Прилеп

Ана Ололовска

Филипче: Дотраените бараки ги заменуваме со нови модерни амбуланти

Ана Ололовска

Филипче: Учебната година ја започнуваме со настава со физичко присуство, налик на земјите во регинот

А1он

Здравствениот дом во Пробиштип е прв гасифициран објект во регионот

Ана Ололовска

МЗ: Македонските дигитални сертификати за Ковид-19 се еквивалентни со оние на ЕУ

Ана Ололовска