За првпат во историјата на македонското здравство направена експлантација на коски и коскени ткива од починат донор

Од:

На Клиниката за ортопедски болести рано утрово за прв пат во историјата на македонското здравство беше направена експлантација на коски и коскени ткива од починат донор.

Откако заврши експлантацијата на срцето и бубрезите, тимот лекари од клиниката експлантираше повеќе делови од коски и меки ткива кои сега веќе се презервирани во Отсекот за експлантација, презервација, складирање и трансплантација на меки и коскени ткива при ЈЗУ ЗА ТОАРИЛУЦ, Универзитетска Клиника за ортопедски болести.

Веќе наредната недела е планирана апликација на еден сегмент од коска кај пациент со метастаза од карцином на бубрег, отстранет пред 12 години. Листата на реципиенти на коски и меки ткива се пациенти коишто страдаат од коскен или мекоткивен дефект настанати како последица од тумор, траума, претходен оперативен зафат, вродени аномалии, и е исклучиво динамична и се надополнува од ден во ден.

Ткивата од еден донатор може да го подобрат животот на над 70 други личности, а на некои од нив и да го спасат.

Би можело да ве интересира

Годинава извршени 15 трансплантации на бубрег, до крајот на годината планирани уште три

МЗ: Околу 25.000 граѓани се пријавиja за вакцинација против сезонски грип

А1он

Македонија обоена во зелена боја за донирањето органи

А1он

Нема лекарска грешка кај родилката која остана неподвижна, заклучи Стручната комисија

Катерина Ѓуровски

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

МЗ: Нема регистриран пациент чија состојба се поврзува со загадена вода во Скопје

Горан Наумовски