ВИДЕО: За проблемот со минерални суровини ќе се бара решение во полза и на економијата и на здравјето на граѓаните

Од:

Горан Милевски од ЛДП одржа прес во Собранието на РМ на кој информираше дека на почетокот oд февруари ќе се расправа за проблемот со минерални суровини, а со тоа треба да се решава законската регулатива.

„Целта на измените е да се забрани употребата на штетните супстанци за заштита на животната средина. Според нас, рудниците го загрозуваат здравјето на граѓаните. Има примери на земји каде што е забранета експлатација на руда. Од друга страна менаџментот на рудниците во Македонија изрази загриженост за рударството во Македонија. Ние ќе се бориме за решение за добрата економија на Македонија, а од друга страна да го заштитиме здравјето на граѓаните. Експертската јаност е поделена во врска со ова прашање”, рече Милевски на пресот.

Пратеничката Мери Лазарова, во врска со темата за минералните суровни рече дека очекуваат поддршка од сите пратенички групи.

„Здравјето на граѓаните ни е најважно. Цијанидите ќе бидат целосно забранети. Мислиме дека треба целосна анализа пред да се дадат концесиите. Транспарентноста во постапката, треба да биде пред се. Со овие законски измени ќе се спречат случаи како Казандол, каде граѓаните се кренаа на нозе да се заштитат од штетните последици“, рече Лазарова.

Потписници на предлог измените се пратениците на ДОМ, ЛДП, како и неколку пратеници на СДСМ.

К. Ландов

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема